Радио Милева

Сара Мејс и Димитар „откачија“ на Фејсбук: „Нешто ми нема дојдено во последно време“ – „Не знам, на пат бев“!

Сара Мејс и Димитар „откачија“ на Фејсбук: „Нешто ми нема дојдено во последно време“ – „Не знам, на пат бев“!

Пејачката Сара Мејс денвовиве ја најави соработката со Александар Ристески – Принц, насловена „Копито“, која е дел од проектот Femme Fatale.

Песната е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс е миксан согласно потребите за Femme Fatale.

фото:инсатграм/сарамејс

„Ова за мене беше ново преубаво искуство, можност да пробам нешто поразлично во музиката, еден различен стил, кој се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката. Инаку од секогаш сум ја почитувала работата на Принц и неговата музика и затоа веднаш ја прифатив соработката во овој проект, кој има специфичен звук.“ – изјави Сара Мејс.

По објавениот тизер, таа работи на финализирање на спотот, каде на снимањето присуствуваше и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски кој не го заобиколија  да даде изјва пред камерата на 1ТВ.

фото:принтскрин/јутјуб/1ТВ/ексклузив

Диме зборуваше за песната, но и за тоа каква е Сара. Прилогот го објави и Сара на својот Фејсбук, а потоа се разви неочекувана конверзација, која заврши со многу смеа за оние кои читаа.

фото:инсатграм/сарамејс

Имено, Диме и Сара „откачија“ во позитивна смисла, па во коментарите под објавата си пишаа баш што им падна прво на ум.

Така директни и духовити, тргнаа од коментарот на Сара дека нештата за Диме допрва доаѓаат, а тој заврши со коментар за уште едно дете, само Сара да раѓа.

Еве го нивниот разговор кој изнасмеа многумина.

To top