Македонската фудбалска репрезентација на 7. и 10. јуни против Полска и Австрија ги продолжува Европските квалификации за пласман на ЕУРО 2020.
По триумфот над Летонија и освоениот бод во Љубљана против Словенија, македонската репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со фаворитите во групата, репрезентациите на Полска и Австрија.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за пламан на ЕУРО 2020. Цената на влезниците изнесува од 150 денари.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/makedonija-fudbalksa-reprezentacija-960x532.jpg)
Верните навивачи на нашата најдобра репрезентација од денеска ќе можат да купат билет за натпреварите против Полска и Австрија преку продажната мрежа на MKTickets, на посебен пулт на ФФМ во Skopje City Mall (пред влезот на кафулето Play) и on-line на линкот: https://mktickets.mk/event/makedonija-polska/
Влезници ќе можат да се купат и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“ од 1. јуни (сабота), а од 3. јуни (понеделник) и во Фудбалската федерација на Македонија, „Куќа на фудбалот“.
По првите две кола „црвено-жолтите“ имаат четири бода (победа над Летонија дома, и нерешено со Словенија, на гости).