Јелена Ѓоковиќ ретко се огласува и не ја гледаме често во јавност и во медиумите, туку само кога има нешто да соопшти. Неодамна со својата сопруга, најтрофејниот тенисер Новак Ѓоковиќ отпатува во Париз за меѓу другото да го прослави и неговиот роденден.
За време на престојот во градот на светлината, Јелена одлучи да и се обрати на јавноста по подолго време на својот Инстаграм, а со тоа и извести своите следбеници дека целото семејство е заедно и дека во наредниот период ќе го следи Ниовак на претстојниот турнир.
-Поздрав до сите од Париз! Сите сме заедно и сме подготвени да бидеме до тато. Убаво е што и овде имаме место во природа да се опуштиме, бидејќи Париз може да биде многу луд во овој период од годината. Се надевам дека сте добро, не се јавувам зошто уживам во детоксот од социјалните мрежи, Убаво е кога човек се оддалечи понекогаш – пишува Јелена на Инсатграм.