Тејлор Свифт и понатаму го промовира својот седми албум, поради што неодамна имаше интерсно интервју.
Иако била расположена да одговара на разни прашања, сепак едно прашање не и се допаднало.
Имено, кога еден новинар ја праша дали планира да се мажи и да има деца, тоа предизвика бурна реакција кај пејачката.
Тејлор на ова прашање одговори:
„Навистина мислам дека на мажите не им се поставува ова прашање кога ќе наполнат 30 години, па навистина не сакам сега да одговорам“ изјави Тејлор.
Пејачката истакана дека и е важна политиката и борбата за правата, па токму тоа ја инспирирало за новиот албум.
„Политиката има влијание на мојот нов албум. Нема да престанам да им кажувам на луѓето да одат да гласаат и да влијаат на тоа што се случува во нашата држава. Мислам дека тоа е една од најважните работи кои можам да ги направам“ вели пејачката.