Радио Милева соната во бело

По 18 години водење љубов, Катерина и Трајче од групата „Соната“, се венчаа: Пејачката е во осмиот месец на бременоста па затоа, прво принова, па после свадба! (ФОТО)

По 18 години водење љубов, Катерина и Трајче од групата „Соната“, се венчаа: Пејачката е во осмиот месец на бременоста па затоа, прво принова, па после свадба! (ФОТО)

Тие важат за еден од најтивките, најдискретните, најмистериозните љубовни двојки на естрадата, иако заедно се уште „од деца“. Пејачката и клавијатуристот на велешката фолк група „Соната“, Катерина Брезева и Трајче Бондиков верувале или не цели 18 години водеа љубов и беа во врска, за конечно деновиве да го кажат судбоносното „ДА“, венчајќи се пред матичар.

Распеаната невеста стана сопруга, а за нешто повеќе од еден месец и мајка, зашто Катерина влегува во брак со Трајче во осмиот месец од бременоста, која мора да се признае, умешно ја криеше од јавноста.

Овој пат убавата вест редно и убаво беше да се сподели со јавноста, па новопечените сопружници тоа го сторија преку социјалните мрежи, каде ја обзанија својата венчавка. Како што се дознава, естрадно-брачната двојка сега се подготвува за двојна веселба.

Со оглед на околностите, најпрвин ќе се чека да дојде на свет приновата во семејството, а по породувањето и изминувањето на одреден период, на ред ќе дојде и семејната свадбена веселба.

Конечно, тие цел живот им свиреа и пееја на други, па сега на ред е некој друг и да запее, засвири и заигра и на прославата на нивната семејна среќа, на која повеќе од веројатно дека нема да пропуштат и самите да и се придружат на музиката. Или што би рекле, да си засвират и запејат и на сопствената свадба!?

Во меѓувреме, додека ја чекаме нивната „соната во бело“,  идните  родители и семејството најпрвин ќе му се израдуваат на нивното новородено чедо, кое прво „ќе пушти глас“!

 

To top