Идната снаа на семејството Живоиновиќ поради проблеми со визата не замина со нив и остана во Белград.
Брена, Боба, Стефан и Филип вчера отпатуваа за Истанбул, од каде треба да продолжат за Тајланд.
Меѓутоа како што пишуваат српските медиуми, сите заминаа освен Александра која била принудена да остане во Белград.
Александра била на аеродром само да ги испрати бидејќи не можела да го среди проблемот со визата.
Живојиновиќ пак, по пристигањето во Истанбул се фрлија на уживање во турската кујна, а не заборавија и да се пофалат на социјалните мрежи.
Причината за нивното далечно патување е прославата за 26 годишнината од бракот.