Радио Милева

Да се потсетиме: Вака изгледаа и звучеа настапите на Македонија на Евровизија од 1998 до денес (видео)

Да се потсетиме: Вака изгледаа и звучеа настапите на Македонија на Евровизија од 1998 до денес (видео)

Македонија за првпат дебитираше на Евровизија во 1998 година која се одржа во Бирмингем, Англија  со настапот на Владо Јаневски. Најдобриот пласман Македонија го доби во 2006 година во Грција, каде што Елена Ристеска го освои 12-то место.

Македонија и Црна Гора се единствените земји од поранешна Југославија кои не успале да се најдат во првите 10 земји. Но, тоа се промени оваа 2019 година, кога Тамара Тодевска со песната „Proud“ успеа да не позиционира 4 позиции погоре, односно на 8-мо место кое не стави во топ 10.

Македонија откако почна новото правило со полуфиналињата од 2004 година, секогаш бележеше добри успеси т.е влез во финале. Ова беше прекршено во 2008 година кога не се пласиравме меѓу финалните.

фото:принтскрин/јутјуб

Инаку, според досегашните статистики (без последните) Македонија најмногу поени има добиено од: Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Романија.

Од видеото во продолжение можете да се потсетите на сите претходни претставувања на Македонија на Евровизија.

Снимката ги спојува сите учесници од 1998 до 2017 година, а 2018 не се најде во ова видео, но за потсетување, претставници беа „Ај Кју“ со песната „Lost and found“, кои не се пласираа во финале.

To top