Радио Милева

Ѕвер од автомобил: Раста се почести со бесна машина од 130 илјади евра (фото)

Ѕвер од автомобил: Раста се почести со бесна машина од 130 илјади евра (фото)

Стефан Ѓуриќ-Раста се почести со нов „ѕвер“ од автомобил, моќен модел од марката BMW i8, кој овој бренд го претставува како една од најсјајните ѕвезди.

Оваа луксузна машина, според информациите достапни на интернет, чини од 133 илјади евра за основниот модел, а детаљ кој открива дека автомобилот е негов, се регистарските таблички кои ги имал и на претходниот автомобил, пишува српски „Телеграф“.

фото:принтксрин/телеграф.рс

Пред  да се почести со BMW, Раста возеше Мерцедес џип. Инаку, Саша Поповиќ исто така ужива во ваква машина, со оглед на тоа дека е првиот во Србија кој се почести со ваква „играчка“ во април 2018 година, а за истата плати 150 илјади евра.

фото:марко јовановиќ

Потсетуваме, Раста кон почетокот на месец март е ослободен од обвинението дека го нападнал и претепал Слободан Нешовиќ, сопственик на агенција за авторски права. Од Ана Николиќ се разведе минатата фодина, а заедно ја имаат ќерката Тара.

To top