Радио Милева

Цеца Ражнатовиќ ја реновираше вилата: Сега има базен, сауна, простор за масажа и тоа не е сè! (фото)

Цеца Ражнатовиќ ја реновираше вилата: Сега има базен, сауна, простор за масажа и тоа не е сè! (фото)

Цеца Ражнатовиќ заврши со реновирањето на својот дом кое траеше со години и сега може да ужива во голем базен, сауна, простор за масажа…

Последните неколку години во вилата на Дедиње се работеше на базенот кој во наредните летни денови че се користи од целото семејство, но и кога ќе биде студено, бидејќи базенот е под затворено.

Со помош на архитект, Цеца ја прошири својата домашна оаза, а просторијата каде е базенот е надополнета со спа-центар, дел за козметичко разубавување и финтес простор, пишува српски „Блиц“.

фото:инсатграм/цецаражнатовиќ

Ентериерот, а особено одредени елементи се увезени од странство. Цеца не жалеше на парите за да го доведе просторот до совршенство, а се водеше по тоа се да потсетува на вилите кои ги гледаме во холивудските филмови- вели извор близок до пејачката и додава:

Надополнето е со кристални лустери кои посебно привлекуваат внимание, но и растенијата кои му даваат на просторот посебен тропки шмек, завршува изворот.

фото:инсатграм/вељкоражнатовиќ

Со финалниот резултат во домот се пофали и Вељко на својот Инсатграм со фотографија на која се капе во новиот базен на мама.

To top