Мегафон исправка

Ристо Апостолов наместо Александар Митевски беше дел од нашето стручно жири за „Евровизија 2019“

Ристо Апостолов наместо Александар Митевски беше дел од нашето стручно жири за „Евровизија 2019“

Пред да започне годинешната Евровизија 2019 во тел Авив, дел од македонските медиуми, меѓу кои и нашиот портал Вистина.ком.мк  ги објави имињата на најавените членови на македонското стручно жири во текстот: „Еве кој е во нашето стручно жири за Евровизија 2019“.

Членовите на жирито ги одбира националниот сервис во секоја земја, така што кај нас изборот го прави МРТ. Во него првично беа најавени: претседателката Сузана Стефановска, музичка уредничка и водителка во МРТ – Радио 2, а заедно со неа своите гласови ќе ги дадат и виолончелистката и пејачка Фјола Исмаили, поп-пејачот Роберт Вукелиќ, диџејката Христина Мицковска и авторот и пејач Александар Митевски. 

Но, во последен момент, заради семејни обврски ( матурата на ќерката -н.з.), Александар Митевски го откажал учеството, а на негово место дошол гитаристот, вокалист и автор Ристо Апостолов, познат како лидер на рок групата „Водолија“.

Така што му се извинуваме на авторот и пејач Александар Митевски, за ненамерно сторената грешка, односно објавениот пропуст, со тоа што сега ја објавуваме исправката.

Редакција Вистина.ком.мк

To top