Радио Милева

Српската претставничка ги откри своите впечатоци за „Евровизија“: „Ништо не ме изненадува“

Српската претставничка ги откри своите впечатоци за „Евровизија“: „Ништо не ме изненадува“

Овагодинешното издание на Евровизија се одржа во Тел Авив, а српската претсавничка Невена Божовиќ го освои 17-то место.

По нејзиниот настап таа си отвори душата и ги откри свои впечатоци.

Таа е задоволна од своето претставување на Евровизија, а посебно и е драго што се нашла на исто место како и Мадона.

фото: Принтскрин/јутуб/блиц

„Среќна сам што Мадона настапуваше на Евровизија. Бевме присутни додека даваше интервју и имаше убави совети за сите учесници“ вели Невена за Курир, па го прокоментира настапот и нашата претставничка Тамара Тодевска.

фото: принтскрин/јутуб

„На Тамара и посакувам се најдобро, имаше одличен настап. На Евровизија ништо не ме изненадува, посебно кога станува збор за гласањето, не знам кои се критериумите“ вели Божовиќ.

фото: Принтскрин/јутуб

Невена ја претставуваше Србија со песната „Круна“ и го освои 17-то место, а Тамара Тодевска ја претставуваше Македонија со песната „Proud“ и го освои осмото место.

To top