Во саботата се одржа 64 издание на Избор на песна за „Евровизија“.
Српската претставничка Невена Божовиќ која се претстави со песната „Круна“ го освои 17то место.
Како што пишуваат српските медиуми, Невена разочарана што не добила гласови од соседите ја напуштила Евровизија.
Кога бил прогласен победникот, српската претставничка заминала во хотел да си ги спакува работите и со првиот лет се вратила во Белград.
„Невена е разочарана. Не очекуваше победа, но очекуваше подобар пласман и поени од соседните држави. Таа очекуваше 12 поени од македонското жири, а доби нула. „Јас не верувам“, изјави Невена кога виде дека доби нула поени од словенското и македонското жири, а само четири поени од Хрватска“ вели извор за „Србија данас“.
За потсетување, Тамара Тодевска го освои осмото место.