Радио Милева

Таткото на Тамара: „Не можев да се смирам, на Евровизија не и требаат гласовите на публиката!“

Таткото на Тамара: „Не можев да се смирам, на Евровизија не и требаат гласовите на публиката!“

Велко Тодевски, таткото на пејачката Тамара Тодевска и поранешен професор по контрабас на Факултетот за музичка уметност во Скопје, пред камерата на ТВ 24 кои го посетија во семејниот дом, зборуваше за своето видување за настапот на својата ќерка, како и за самиот музички натпрвар.

Тој вели Тамара за него е морален победник.

Таа за мене е морален пробедник. Од три минути направи симфонија, вибратото беше виолинско, нејзиниот глас кадифен, имаше градација во мелодијата. Нејзината емоција се покажа и со солзите на крај. Значи како што кажав на почетокот, она за мене е морален пообедник. Солзите беа присутни два дена и на полуфиналето и на главната вечер, не можев да се смирам, раскажа професорот гордо за својата наследничка и додаде дека победничката песна на Евровизија треба да ја избира само стручното жири, како најкомпетентно.

фото:принтскрин/инстаграм/тамаратодевска

Јас имав многу солистички концерти во животот, сум свирел и во концертна сала во Виена, таква треба, таква возбуда не сум имал додека Тамара пееше, а особено кога се броеја гласовите од цела Европа, тоа беше за мене најголемото доживување и најголемото задоволство кога слушнав дека Англија ни дава 12 бода, Швајцарија, Хрватска, значи жири-комицијата го направи тоа. Мислам дека на Евровизија не требаат гласовите на публиката. Треба таа жири-комисија, односно стручните да кажат која песна беше најдобра на Евросонг. Како што беше гласањето, ние бевме 41 минута први на ранг листата. Последната значи Словенија ниеден, Грција еден бод и Израел ни еден бод, па паднавме на второто место, изјави Велко во интервјуто со новинарката на ТВ 24 Ружица Фотиновска.

To top