Радио Милева

Гоца Тржан се фати за глава: Антониа Гиговска со песна од Тоше го расплака жирито на „Пинкови ѕвездички – all stars“

Гоца Тржан се фати за глава: Антониа Гиговска со песна од Тоше го расплака жирито на „Пинкови ѕвездички – all stars“

Во најновата сезона на „Пинкови ѕвездички – all stars“ каде се натпреваруваат кандидати од претходните сезони, имаме прилика да ја гледаме и Антониа Гиговска.

Со секое нејзино претставување таа го воодушевува жирито и тие имаат само пофални зборови за неа.

Така беше и во последната емисија кога Гиговска се претстави со песната „Полско цвеќе“ од Тоше Проески.

фото: принтскрин/инстаграм/јутуб

Уште на самиот почеток на изведбата, Гоца Тржан ја совладаа емоциите и се фати за глава, па почна да плаче.

„Сакам оваа песна да ја посветам на нашиот Тоше Проески кој сигурно не гледа одгоре и се радува“ изјави Гиговска по изведбата.

фото: принтскрн/јутуб/понковиѕвездички

Од жирито како и секогаш доби само пофални зборови.

„Тоше во јануари оваа година ќе наполнеше 38 години. Ќе беше во најдобрите години и ќе пееше како ѕвер. Но, бидејќи го нема него, те имаме тебе“ изјави Гоца.

фото: принтскрин/пинковиѕвездички

„Антониа ти живееш во Македонија така? Често патуваш? Што се однесува до мене ти само можеш од дома да не поздравиш и ќе ги добиеш сите гласови“ истакна Коцкар.

Пофални зборови имаше и Наташа Беквалац.

„Вака изгледа настап кој е толку емотивен што мене првпат во животот ми се наежи стомакот. Ти се ежи нога, рака, мене ми се наежи стомакот. Вака изгледа достоинствен настап, толку емоции пренесе на нас. Облечена си достоинствено. Вечерва ти си победничка“ изјави Наташа.

фото: принтсркин/пинковиѕвездички

И Милан Станковиќ исто така и упати комплименти на Антониа нарекувајќи ја дијамант и ангел.

За потсетување, Антониа е дел од евровизискиот тим односно е придружен вокал на Тамара Тодевска која вечерва ќе настапи под реден број осум во финале на Евровизија.

Настапот погледнете во видеото подолу на 01: 11

https://www.youtube.com/watch?v=Rev1yH8oYRs&t=4726s

To top