Eдна од најпопуларните пејачки во регионот, Северина сношти официјално го промовираше својот 13ти албум насловен „Хало“.
Промоцијата се одржа во еден познат клуб, на кои присуствуваа соработници, пријатели, фанови.
На истата се најде и нашата македонска водителка на „Живот со стил“, Елена Стефановска.
Стефановска на својот „Инстаграм “ сподели фотографија со хрватската пејачка, a во описот напиша:
„Драга моја Северина. Фала на поканата да бидам твоја гостинка на промоција на албумот „Хало“. Ти си моја кралица“ напиша Стефановска.
Потоа, Елена сподели видео со Северина на кое таа вели „Ве сакам“.
Кога станува збор за Севе, веруваме дека песните ќе бидат хитови, а дека Стефановска одлично си поминала, па можеби Севе ќе и биде гостинка во некоја од следните емисии.