Радио Милева

По влезот на Тамара во финале, Тијана доби повик кој ја направи „Proud“ на својата сестра

По влезот на Тамара во финале, Тијана доби повик кој ја направи „Proud“ на својата сестра

Во Тел Авив, Израел вечерва ќе се одржи финалето на Избор на песна за „Евровизија“.

Во четвртокот беше одржaна втората полуфинална вечер на која настапи и Тамара Тодевска со песната „Proud“  и по шест години ни обезбеди пласман во финале.

Тодевска „грмеше“ на евровизиската сцена, па таа е и еден од фаворитите за победа.

фото: Принтскрин/блиц

Нејзината сестра, Тијана Дапчевиќ во интервју за „Блиц“ откри дека е многу горда на својата сестра.

„Јас навистина сум најгорда сестра во Европа. Навистина не сум пристрасна, таа едноставно беше најдобра“ вели Тијана и додава:

„По настапот на Тамара, ми се јави Марија Шерифовиќ и се согласивме дека Тамара вокално беше најдобра на цела „Евровизија“, така да не сум субјективна“  вели сестрата на Тамара.

Таа откри дека нашата претставничка не ги послушала нејзините совети.

„Тамара никогаш нема трема. Ме праша за совети и се консултиравме, но не ме послуша, едноставно направи така како што имаше замислено“ вели Дапчевиќ.

Тамара вечерва ќе настапи под реден број 8, па и посакуваме среќа.

Поврзани теми

To top