Радио Милева

Израел тагува: Згасна еден човечки живот на Евровизија 2019!

Израел тагува: Згасна еден човечки живот на Евровизија 2019!

За жел меѓу музиката, еуфоријата и радоста на Евровизија, се случи трагичен настан, односно згасна еден човечки живот.

Имено, работник загина откако беше повреден за време на подготовките пред првата полуфинална вечер.

Шеесет и шест годишниот Полди Шварц кој бил возач на камион во понеделникот додека растоварал опрема за осветлување истата му паднала врз него, по што веднаш бил пренесен во болница каде во средата им подлегнал на повредите.

фото:инстаграм/евровизија

Синот на трагично загинатиот работник вели дека се уште немаат одговор од организаторите како е можно опрема тешка половина тон да падне врз неговиот татко.

-Сета почит за настанот кој се одржува наречен Евровизија, но тука беше загубен живот, вели Шварц.

To top