Иако беше неизвесно дали кралицата на попот ќе се појави во финалната евровизиска вечер во Израел -Тел Авив, дилемата е тргната, а тоа го потврди и самата на социјалните мрежи.
Мадона веќе ја имаше првата проба од која објави неколку снимки и фотографии на Инстаграм, а со тоа откри како ќе изгледа нејзиното шоу.
View this post on Instagram
Како што пишуваат од Times of Israel, Мадона пристигнала со приватен авион на аеродромот Бен Гурион. На главата носела голем шешир за да ги спречи папарациет да и го фотографираат лицето, а со својата придружба била донесена во хотелот Дан каде што го реазервирала целиот 4-ти спрат.
По нејзиното доаѓање имала недоразбирање со организаторите кога пристигнала на проба во Арената затоа што не ѝ дозволиле да влезе со оглед на тоа што до тој момент таа немала потпишано договот за настапот. Дополнително сè било решено, а пак опремата за нејзиниот настап била донесена со бродови.
Со неа пристигнале 135 личности од кои 40 се придружни вокали, 25 танчари, а останатите се техничари. Поголемиот број на парични средства за нејзиниот настап на Евровизија ги дал израелско-канадскиот милијардер Силван Адас.
Претходно Мадона изјави дека прифатила да настапува во Тел Авив и дека никогаш нема да престане да настапува ширум светот заради нечии политички агенди, но и дека нема да престане да зборува за кршењето на човековите права каде и да е.