Филип Мијатов, поранешното момче на Ана Кораќ ко и го објави ценовникот на услуги и раскажа што се сака и прави за 500 евра во кревет, наскоро ќе влезе во „Задруга 2“.
Како што најави, тој ќе влезе во телевизиското реално шоу во сабота. И додека Филип се подготвува да влезе меѓу задругарите, тој реши повторно да биде активен на Инстаграм.
Имено, тој објави нова фотографија, на која е прегрнат со Ана Кораќ.
„Рака на градите, онака пријателски“ – напишал Филип.
Мијатов покрај оваа, исто така, објави фотографии со други „задругарки“.
Меѓу другото и неколку со Мина Врабашки.
Што укажува дека Филип многу добро и одблизу ги познава српските ријалити старлети.
„Никој не ме познава таму, во Задруга 2, нели“ – шеговито напишал Филип.