Синот на Лепа Брена откако се појави на сцената, се повеќе станува популарен и има фанови.
Така деновиве на вратата од својот стан, Живојиновиќ добил изненадување од своја обожователка.
Имено, Стефан брзал на снимање на една емисија, а на пред вратата од неговиот стан нашол долна облека.
„Не знаеше што да прави со тоа, а потоа виде порака со број од мобилен телефон, без потпис. Тој е навикнат да добива подароци. Се случуваа такви работи и пред да стане популарен меѓу фановите. Меѓутоа, не добивал ваков вид на подароци“ вели извор близок на пејачот и додава:
„Тој сфати дека неговите фанови дознале каде живее, а меѓу нив може да има посесивни. Свесен е дека некој го следи, а тоа не е пријатно“ раскажува изворот.
За потсетување, Живојиновиќ неодамна ја издаде песната „Од вечери до јутра“.