Денес, 15-ти мај 2019 година на своја 81 годишна возраст почина бардот на српското глумиште Михаило Миша Јанкетиќ. Тој во животот постигна многу, но сепак, остана една желба која не успеа да ја оствари. На прашање на новинарка дали останало нешто по кое жали, тогаш тој одговори потврдно. Неговиот одговор говори токму за животниот дух кој го имаше.
-Да, Ми остана жал што немам уште еден живот да го поминам на земјата и од земјата. Природата е мој амбиент, таа ми ја богати душата, на земјата сум свој на своето. Ги распродадов сите оние тешки 90-ти години, имав алат, раскажа во една прилика сега покојниот Миша.
Миша Јанкетиќ играше во многу култни претстави: „Злочин и казна“, „Трамвај звани жеља“, „Кад су цветале тикве“, „Колубарска битка“, „Народни посланик“, „Девојка модре косе“, „Дамин гамбит“, и други. Снимаше и неколку филмови: „Сан“, „Како су се волели Ромео и Јулија“, „Свадба“, како и Тв серии.
Добитник е на значајни актерски награди и признанија, како што се : „Доброчин прстен“, Наградата Павле Вуисиќ, Нушиќева награда за животно дело и многу други. Беше и долгогодишен професор по глума на Академијата за уметност во Нови Сад.