Радио Милева никако да им угоди

Иако Невена Божовиќ ја внесе Србија во финале на „Евровизија“, поединци ја дочекаа со псовки и навреди (ФОТО)

Иако Невена Божовиќ ја внесе Србија во финале на „Евровизија“, поединци ја дочекаа со псовки и навреди (ФОТО)

Невена Божовиќ влезе во финалето на “Евровизија” со одличен настап и песната “Круна”, која таа самата ја напиша, иако како и претходно на „Беовизија“, речиси еден по полуфиналето на „Евросонг“ доживеа низа навреди и псовки на сметка на песната и изведбата.

Имено, Невена доби како бројни позитивни коментари по завршувањето на полуфиналето, но и оние негативните, така што на официјалниот профил на фестивалот можеа да се најдат дури и навреди упатени кон српската пејачка.

Некои ја опишаа песната како „досадна“, додека некои го критикуваа нејзиниот стајлинг, иакоа голем број љубители ја бранеа Божовиќ во коментарите, па во еден момент на официјалниот профил на Евровизија се разви своевидна „војна“ и Инстаграм почна „да гори“. Коментарите сами се редеа еден под друг, и во знак на напаѓање и во знак на одбрана, па дури паднаа и поедини навреди и псовки.

To top