Поп дивата Мадона треба да настапи на годинешната Евровизија во Тел Авив, која се одржува од 14-ти до 18-ти мај, меѓутоа како се наведува во одредени медиуми, нејзиниот настап е „под знак прашалник“, поради тоа што договорот се уште не е официјализиран.
Издавачите на Мадона го најавија нејзиниот настап кон почетокот на април – Европската радиодифузна унија никогаш не потврди дека Мадона ќе настапи – кажа во понеделникот извршниот супервизор на Евровизија Џон Ола Санд и додава дека доколку не се потпише договорот, пејачката нема да настапи на нивната бина. Со оглед на тоа дека Евровизија 2019 се одржува во Израел и поради состојбата за човекови права во таа држава, постојат бројни повици за бојкот на натпреварот.
Дури и некои холивудски ѕвезди како Вивиен Вествуд, Питер Габриел, Роџер Вотерс, Мајк Ли и други, повикаа на бојкот за известување од Евровизија, поради израелската окупација на Палестина. Други пак јавни личности се противат на овој бојкот и сметаат дека „проектот за културен бојкот“ е навреда за Палестинците и за Израелците кои работат на унапредување на мирот преку компромис, размена и взаемно признавање – како што се наведува во писмото упатено на Би-Би-Си.
Мадона се придружи на противниците на бојкотот и прокоментира дека таа ги поддржува сите човекови права. Како што пренесува „АП“, пропалестинското движење од мадона бара да се откаже од доаѓањето во Тел Авив.
-Никогаш нема да престанам да пеам за да се вклопам во нечија политика, нема да престанам да зборувам против кршење на човековите права било каде на светот, кажа тааа во соопштението за Ројтерс.