Минатогодишната победничка на „Евровизија“, Нета од Израел, ја отвори првата полуфинална вечер со песната „Toy“, која на нејзината држава и овозможни одржување на натпреварот.
-Добредојдовте во Израел – кажа Нета на почетокот на вечерта, а многумина изненади со костимот во кој се појави на сцената бидејќи играше на карта на провокација.
Таа повторно покажа дека е горда на своите килограми.
На годинешната Евровизија ќе се претстават вкупно 41 земја.
Во продолжение погледнете го настапот на Нета: