Вчеравечер во Тел Авив – Израел се одржа 64-то издание на Евровизија. Во првата полуфинална вечер настапија 17 земји, но само 10 од нив се пласираа во главната вечер која ќе се случи во сабота.
Од она што можевме да го видиме од преносот на Македонската телевизија, сцената како и секоја година беше импресивна, а музиката на секој учесник жанровски се разликуваше, но доминираа поп и електронски песни.
Ова се 10-те финалисти кои вечерва се пласираа во финалето кое ќе се одржи во сабота во Тел Авив.
1.Грција
2.Белорусија
3.Србија
4.Кипар
5.Естонија
6.Република Чешка
7.Австралија
8.Исланд
9.Сан Марино
10.Словенија
Македонија годинава ја претставува Тамара Тодевска со песната „Proud“ која ќе ја видиме во четврток во втората полуфинална вечер.
Доколку не бевте во можност да ја проследите првата евровизиска вечер, преслушајте ги финалистите во продолжение: