Радио Милева

Ќе биде тешка борба: Мартинијан и Огнен на чекор до полуфинале во „Ѕвездите на Гранд“ (фото)

Ќе биде тешка борба: Мартинијан и Огнен на чекор до полуфинале во „Ѕвездите на Гранд“ (фото)

Редовно ве информираме за успесите на нашите кандидати во „Ѕвездите на Гранд“.

Тие заедно со своите ментори се подготвуваат за музичкото шоу и од круг во круг се подобро се претставуваат.

На почетокот на сезоната имаше многу кандидати од регионот, а сега кругот се стеснува и остануваат оние најдобрите кои ќе стигнат до финале.

Деновиве во емисијата „Ѕвезде Гранда специјал“ беше пуштен прилог како Јелена Карлеуша ги подготвува македонските кандидати Мартинијан Кириловски и Филип Пецовски.

Од друга страна, Марија Шерифовиќ работи со Огнен Здравкоски кој ги слуша советите на својата менторка, а од жирито добива пофалби.

Нивниот труд даде резултати, особено кога се во прашање Мартинијан и Огнен.

Имено, деновиве се снимаше петиот круг на „Ѕвездите на Гранд“, а Мартинијан и Огнен се пофалија дека поминале во четврт финале.

„Одиме во четвртфинале, 6 круг“ напиша кумановецот на „Инстаграм“.

фото: Принтскрин/инстаграм/мартинијанкириловски

„Македонија на нозе, четвртфинале. Уште сум под импресии. Немам што да кажам освен едно нај нај најголемо благодарам на мојата менторка Шерифовиќ. Да не беше таа немаше да стигнам до тука. Благодарам Марија, напиша Огнен.

фото: принтскрин/иснтаграм/огненздравкоски

Останува да видиме дали уште некој од македонските кандидати ќе влезе во четвртфинале, а потоа да се борат во полуфинале и финале.

 

To top