Радио Милева

Еве која македонска јавна личност замина во Тел Авив да ја бодри Тамара Тодевска на „Евровизија“

Еве која македонска јавна личност замина во Тел Авив да ја бодри Тамара Тодевска на „Евровизија“

Вчера започна 64-то издание на Евровизија кое оваа година се одржува во Тел Авив, Израел.

Македонската претставничка Тамара Тодевска заедно со нејзиниот тим веќе неколку дена е во Тел Авив каде полека се подготвува за нејзиниот настап во четврток, на втората полуфинална вечер.

Таа ќе не претставува со песната „Proud“ , а многумина се воодушевени од нејзината интерпретација на пробите.

Имено, Тамара ќе настапи под реден број 17 во четврток, а поддршка добива од нејзините пријатели, колеги, колешки кои преку социјалните мрежи ја подржуваат и навиваат за Тодевска.

„Едвај чекам. Многу сакам да видам како се тоа ќе изгледа финално. Досега пробите не беа баш направени до крај. Се надевам на нешто спектакуларно. Не сме дојдени да шетаме, имаме многу обврски.Но, тоа е убаво кога имаш поддршка од сите страни.Јас имам поддршка од цела Европа. Тоа е нешто што ме прави горда“ истакна Тамара во интервју за МРТ.

 

View this post on Instagram

 

Shalom my beauties. In love with this city. ??❤️?? #proud #teamtamara #esc2019

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

Македонскиот модел Катарина Ивановска, инаку е добра пријателка со Тамара, учествуваше во спотот за евровизиската песна, а како што вети, така и направи – замина во Израел.

Катарина на својот „Инстаграм“ сподели фотографија од нејзиното пристигнување и напиша: „Тамара ние доаѓаме“.

фото: Принтскрин/катаринаивановска

А потоа сподели фотографија од ресторан и хотелот каде престојува.

фото: принтксрин/инстаграм/катаринаивановска

фото: принтксрин/инстаграм/катаринаивановска

Како ќе се претстави Тодевска во четврток и дали ќе влеземе во финале останува да видиме и стискаме палци.

За потсетување, вчеравечер се одржа првата полуфинална вечер, а во финалето се пласираа: Грција, Белорусија,.Србија, Кипар, Естонија, Република Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.

To top