Мегафон

Скопскиот прогресивен рок-бенд „Стејшн: Инермоуст“ ќе го промовира првенчето „Exposure“

Скопскиот прогресивен рок-бенд „Стејшн: Инермоуст“ ќе го промовира првенчето „Exposure“

Скопскиот прогресивен рок-бенд „Стејшн: Инермоуст“ (Station: Innermost) ќе го промовира своето прво ЕП-издание насловено „Exposure“. Станува збор за 27-минутен материјал на кој музичарите работеле во последниве десет месеци, а сето тоа е дополнето и со поезија и илустрации од Тхе Мичо.

„За време на создавањето на овој албум запознавме пет ликови кои ни раскажаа дел од нивните животни приказни кои решивме да ги преточиме во музика и поезија. На 22 мај, во ’Винил’ ќе имате можност да доживеете возбудливо музичко патување“, порачува музичката дружина составена од: вокалистката и клавијатуристкаНаташа Миха, гитаристите Дамир Пух и Стефан Петановски, басистот Дарко Фотиновскии тапанарот Дејан Апостоловски.

Сите заедно се потпишуваат и како автори на музиката, стиховите и поезијата се дело на Наташа Миха, а миксот и продукцијата се на Дамир Пух, додека за мастерингот се погрижи Стив Кич.  Гости на албумот се Дерек Шеринијан (клавијатури) и Ади Имери(вокал), а техничката подготовка на обвивката ја направи Наско Џорлев.

Албумот на 22 мај ќе биде достапен на сите сервиси за слушање и преземање музика, а и како физичко издание со буклети.

To top