Боби Мојсовски новогодишната ноќ ја помина работно, пеејќи со колегата Тончи Хуљиќ и неговиот бенд „Мадре бадеша“ во хрватскиот главен град. На прославата настапија уште неколку хрватски музички ѕвезди, меѓу кои и легендарната Дорис Драговиќ.
„Мојата прва желба за 2018 остварена! Конечно во живо ја сретнав Дорис Драговиќ, предобра, скромна, величествена жена и феноменална пејачка!“, напиша Боби споделувајќи ја заедничката фотографија со познатата дива.
Истата екипа настапуваше и следната вечер, на 1 јануари, во Дубровник, што е одлична промоција за нашиот Боби да се пробие на тамошниот музички пазар. Тој заедно со Хуљиќ лани ја сними песната „Да би да сен опет мали“, по што следеа и бројни настапи низ Хрватска.