Радио Милева

Евровизискиот претставник на Франција го украде вниманието во бел раскошен фустан (фото)

Евровизискиот претставник на Франција го украде вниманието во бел раскошен фустан (фото)

Билал Хасани(19) ќе ја претставува Франција на годинешната Евровизија со песната „Рои“, а откако се пласираше меѓу фаворитите, во неделата го украде вниманието на отворањето на Евросонг облечен во раскошна бела тоалета.

-Овој момент засекогаш ќе ми остане во сеќавање. Кога бев дете се сеќавам дека се гледав во огледало и замислував како одам по црвен килим. Како растев, многу луѓе зборуваа дека тоа нема никогаш да се случи бидејќи сум чуден, дека не го заслужувам тоа. Сега одам по портоколавиот килим на евровизија, со изглед кој го замислив, се пофали Билал на социјалните мрежи.

фото:инсатграм

Инаку, Билал почнал да пее на 5 години, а пак текстот на песната со која ќе ја претстави Франција го напишал сам. Тоа бил негов начин да се пресмета со „хејтерите“ откако го нападнаа.

фото:инсатграм

Во 2017 година призна дека е хомосексуалец и поради тоа добивал закани, меѓу кои и такви за смрт.

To top