Вечерва започнува првата полуфинална вечер на Евровизија, а српската претставничка Невена Божовиќ ќе настапи под број 9.
Според обложовалниците во Белград, Невена нема шанси да влезе во финале.
Меѓутоа, прогнозите на обложовалниците во Србија се слични на прогнозите во светот.
Сепак, Невена не ја допираат негативните резулатити.
„Мислам дека само личното задоволство може да ме доведе до влез во финале. Нема да ги разочарам луѓето, а се другото ќе звучи нескромно. Не верувам во обложовалниците бидејќи се случува тие да погрешат“ изјави Невена.
Најголеми фаворити оваа година се Холандија со квота 3.30, а веднаш зад неа се наоѓаат Шведска, Русија и Азербејџан.
Нашата претставничка Тамара Тодевска со песната „Proud“ се наоѓа на 15то место со квотата 100, пренесува курир.рс