И едната и другата се топ девојки! Изглед од милион долари, што би рекле! Обете не се од Скопје, ама се популарни и познати како да се… И повеќе од тоа! Едната естрадна ѕвезда, другата топ модел! Обете млади, згодни, бликаат од сексапил и убавина… Обете мераклики… на сликање! Од нивните провокативни фотографии на личните профили многу често знаат да „прочурат“ социјалните мрежи!
Обете беспрекорно дотерани, нашминкани, со долга коса, однеодамна бојосана во црно… Едната тазе разведена, другата се’ уште немажена… Обете гладни за живот, желни за успех, за кариера, за врвни дострели и убав живот… А карактерно дијаметрално различни, па дури и во хобито или професијата…
Сања Барбика – фолк пејачка, Александра Накова – топ модел! Тогаш што е тоа што двете убавици ги поврзува, освен општите карактеристики? Која е таа допирна точка, која на момент ги спои двете познати и популарни Македонки? Одговорот е содржан во само еден збор: Вкусот! За облекување!
Александра Накова и Сања – Барбика одбраа исто парче облека. Едната за провод, другата за настап! Едноставна, отворена маичка, светликава, налик на диско топка, која повеќе открива, отколку што покрива. А, открива речиси се’… Како и не би, кога и обете имаат што да покажат. И повеќе од тоа!
Само прашање е на која поубаво и стои? Одговорот е ист, како и нивната заедничка „спојка“! Вкус… Тоа е прашање на вкус! А за вкусовите, не се дискутира! Во нив, само се ужива!