Радио Милева

„Тие жени кај мене дома јадеа, пиеја и спиеја“: Анабела шокираше со деталите за неверството на Гаги

„Тие жени кај мене дома јадеа, пиеја и спиеја“: Анабела шокираше со деталите за неверството на Гаги

Пејачката Анабела Атијас проговори за неверстовото на поранешниот сопруг гаги Ѓогани од кој се разведе пред 10 години. Имено, Анабела беше гостинка во „Магазин ИН“, заедно со Сандра Арфика и Ева Рас, каде откри детали на неверството на својот поранешен сопруг Гаги.

-Јас навистина морам да се оградам дека по тоа прашање сега сум најбезгрижна во животот. Не сум ги фаќала мажите во неверство, туку информациите сами доаѓаа кај мене. Не би верувала какви ми се другарките, скоро па сестри беа тие девојки кои тоа ми го направија. Јас не знам што е тоа. Што и да било во прашање, немаше потреба за тоа, бидејќи им се восхитував, тоа беа реализирани жени, сакани и убави. Јас никогаш не сум им кажала што знам затоа што секогаш го обвнинував мојот тогашен сопруг. Никогаш не им забележав, најдов начин да се дистанцирам. Можеби една се препозна, но се сомневам. Дури и тој тука може да ми биде јасен, но што е со нив? Тоа беа жени кои доаѓаа кај мене дома, јадеа, пиеја и спиеја, а јас се дружев со нив. Тоа е дупла болка – открива Анабела во „магазин ИН“, па признава колку патела поради неверството на Гаги.

фото:принтскрин

-Ги дознавав тие работи од луѓе од нашата бранша кои никогаш не ги злоупотребија тие информации бидејќи и нив им беше подеднакво болно како и мене. Јас тоа го проверив. Тој што се мешаше, не знаеше да го прави тоа како што треба. Многу страдав и ме болеше. Само сакав некој од нив да ми каже која е причината – се исповеда пејачката Анабела Атијас.

To top