Атрактивната српска пејачка Сандра Африка проговори за неверството на едно свое поранешно момче на кој не сакаше да го открие името.
И додека гостите во емисијата на Сања Маринковиќ „магазин ИН“ истакнаа дека нивните партнери секогап се обидувале да ги сокријат љубовниците и „швалерисување“, кај Сандра тоа не бил случај.
-Тоа мое момче не се ни криеше. Оставаше во телефонот сешто, а потоа се извлекуваше на сите можни начини. Тоа беше јавно бламирање, секогаш тоа беа некои другарки, па велеше дека е „само пијачка“, само ова, само она… – открива пејачката и ги изненади присутните во студиото.
Инаку, иако во јавност досега не сакаше да зборува за врската со фудбалерот Владимир Волков, Сандра Африка неодамна одлучи да признае дека раскинале. Кратко порача дека не е бремена, туку слободна и нема момче.