Деновиве во домашните медиуми се појави информација дека атрактивната македонска убавица со интернационална модна кариера, Катарина Ивановска е бремена со второ.
Ваквите објави започнаа откако таа го откажа учеството на Скопскиот маратон, каде трча секоја година.
Сепак, Катарина не се огласи да ги потврди или демантира наводите, се до сега кога на некој начин ги подгреа гласините дека можеби навистина се вистинити.
Имено, таа не само што не се појави во трка со маратонците, туку и не замина во Израел на Евровизија како поддршка на својата другарка Тамара Тодевска, иако претходно најави дека ќе биде во публиката во Тел Авив.
Меѓу поновите објави пак на нејзините куси Инсатграм приказни, манекенката објави фотографија со трудничкиот стомак кога беше бремена со Вања во 2017 година, а истата ја објавил и нејзиниот пријател Зоки Бејбе.
Ова како да беше доволен знак дека Ивановска наскоро повторно ќе стане мајка. Вака или она, во секој случај гласини или вистина, бременоста сигурно е нешто најубаво во животот на една жена.