Радио Милева

Нема привилегии: Бекам доби забрана, веќе нема да може да го вози своето „Бентли“

Нема привилегии: Бекам доби забрана, веќе нема да може да го вози своето „Бентли“

На Дејвид Бекам му ја одземаа возачката дозвола на шест месеци поради користење мобилен телефон во текот на возењето.

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Англија се изјасни како виновен пред надлежниот судија и призна дека користел мобилен за време на управувањето на своето „Бентли“ во ноември минатата година. Бекам бил фотографиран од случаен минувач како го држи телефонот додека возел во колона кон центарот на Лондон.

фото:Инсатграм

За овој прекршок во Англија се добива шест казнени поени, но бидејчи фудбалерот веќе ги има поради брзо возење, пресудено е да му биде одземена возачката на шест месеци.

фото:Printskrin/cartoq.com

Изречена му е и парична казна од 750 фунти. Судијата Кетрин Мур на крајот на процесот му кажала да разбере дека е гужва во сообраќајот и дека возел во колона која едвај се движела, но по закон не постои изговор.

To top