Дени Бејкер, водителот на радиото на Би-Би-Си, доби отказ поради непромислената шега на „Твитер“ поврзана за синот на војводата и војвотката од Сакес.
Во твитот Бејкер објави фотографија од двојка со шимпанзо облечено како човек со пораката: „Кралското бебе ја напушта болницата“. Водителот е обвинет дека го исмевал кралскиот наследник.
-Ова е сериозна грешка, истакнува портпаролот на британскиот јавен сервис, додавајќи дека твитот на Бејкер е против се што претставува куќата.
-Дени е брилијантен водител, но веќе нама да работи на својата емисија со нас, гласи соопштението на Би-Би Си.
Бејкер пак се извини за објавата:
-Се извинувам што фотографијата со малиот во отмена облека некого изнервира. Никогаш тоа не ми падна на памет, бидејќи немам болен ум, објаснува Бејкер.