Радио Милева добро ли си?

Дуетот со Миле Китиќ, ги скара бугарските пејачки: Галена се прогласи за број 1, Преслава во шок (ФОТО)

Дуетот со Миле Китиќ, ги скара бугарските пејачки: Галена се прогласи за број 1, Преслава во шок (ФОТО)

Дуетот на бугарската фолкерка Галена и српската фолк легенда Миле Китиќ во песната „Добо ли си?“ за малку не пердизвика војна помеѓу неа и нејзината колешка, инаку дотогашна пријателка Преслава.

Имено, на прашањето зошто токму ја избрал Галена за дует, Миле Китиќ одговорил дека од бугарските продуценти дознал дека Галена е број еден во Бугарија, пишува „Бугарија денес“.

На оваа негова изјава се надоврзала самата Галена, која наводно ја потврдила констатацијата на српскиот мегастар, велејќи дека Миле го направил вистинскиот, ама и најдобриот можен избор.

Изјавата воопшто не и се допаднала на Преслава, која себе си се сметала за „врв“ меѓу бугарските пејачки во тој момент.

Дали сето ова ќе ги наруши добрите односи помеѓу двете бугарски фолкерки, инаку добри пријателки, останува да видиме?

Особено е интересно што ќе одговори Преслава на прашањето: „Добро ли си?“

 

To top