Иако првично беше најавено дека „Аватар 2“ ќе го гледаме наскоро, па потоа во 2021 година, а сега во медиумите се појави разочарувачка информација за сите фанови на филмот на Џејмс Камерон.
Имено, „Волт Дизни“, објави дека во наредните осум години планира да го сними продолжението на „Аватар“, новиот серијал од „Војна на ѕвездите“ и адаптацијата на Стивен Спилберг „Приказна од западната страна“.
Аватар 2“ наместо во 2021 година, во кината ќе се најде на 17-ти декември 2027-та година.
„Дизни“ вели дека третиот дел во кината ќе се појави во 2023-та година, четвртиот во 2015-та година, а петтиот во 2027-та година, пренесува АП.
Камероновиот „Аватар“ до денес го држи рекордот во приход од продадени карти (2,7 милијарди долари), меѓутоа закана му претставува филмот „Avengers: Endgame“.