Кит Флинт, фронтменот на популарната група „Продиџи“ изврши самоубиство на 4-ти март годинава.
Според последните информации кои се појавија во медиумите, Флинт го извршил самоубиството под дејство на кокаин и други силни наркотици, како и алкохол.
Потсетуваме, 49 годишниот музичар беше пронајден мртов на својот имот, а убиството го изврши со бесење.
Наводно, причина за неговото растројство кое го донесе до тој краен чекор да крене рака на себе, беа љубовните проблеми.
Телото го пронајде негов пријател, а погребот беше на 29-ти март.