Свршеницата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана Родиќ, имаше слава во семејниот дом за Ѓурѓовден, а почесни гости беа членовите на семејството Ражнатовиќ.
Во домот на родителите на Богдана се собраа Цеца, нејзината сестра Лидија, Анастасија и Вељко, а идниот зет на својата сакана и нејзиното семејство и честиташе за празникот кој го славеа во нивниот дом.
-Среќна слава на сите кои ја слават, да ја прославите пред се како вистински Срби, во мир и благосостојба. Анастасија пак, не ја пропушти приликата да се фотографира со Богдана, а за заедничката фотографија упати честитка и не одолеа да ја нарече снаа.
-Среќна слава снашке, напиша Анастасија.