Принцот Хари и Меган Маркл на 6-ти мај во раните утрински часови станаа родители на машко бебе, а цела Англија се уште го слави доаѓањето на свет на уште едно кралско бебе.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон изјавија дека едвај чекаат да се запознаат со новиот член на семејството, а принцот Вилијам имаше и посебна порака за својот брат и новопечен татко Хари.
-Морам на Хари да му посакам добредојде во „друштвото ненаспани родители“ – се пошегува Вилијам, додека Кејт додаде дека се радуваат и едвај чекаат да дознаат кое име ќе го добие новиот наследник.
Кралицата Елизабета и принцот од Велс исто така ја споделија со јавноста својата радост поради раѓањето на новиот челен на големото кралско семејство.