Радио Милева

Калиопи Букле јавно им поласка на овие претставници на „Евровизија“ (фото)

Калиопи Букле јавно им поласка на овие претставници на „Евровизија“ (фото)

Ова годинешното издание на Избор за песна на „Евровизија“ ќе се одржи во Тел Авив, Израел.

Музички уметници од Европа ќе се борат да се покажат најдобро на евровозиската сцена и да ја понесат титулата „победник на Евровизија“.

Меѓу нив ќе биде и нашата претставничка Тамара Тодевска која ќе не претставува со песната „Proud“, а вчера ја имаше првата проба.

Макеоднија нема влезено во финалето на Евровизија од 2012 година кога не претставуваше Калиопи со песната „Црно и бело“.

Токму Калиопи на социјалните мрежи се потсети на нејзиниот настап во 2012 година.

фото: принтскрин/инстаграм

Покрај тоа што се потсети како некогаш таа изгледаше на сцената, Калиопи и им посака среќа на сите учесници, но посебно на:

Нашата претставничка Тамара Тодевска за која напиша:

„Јас сум многу горда на тебе. Со среќа драга моја Тамара Тодевска“.

фото: Принтскрин/инстаграм

На српската претставничка Невена Божовиќ…

фото: Принтскрин/инстаграм

На хрватскиот претставник Роко Блажевиќ…

фото: принтскрин/инстаграм

и на албанската претставничка Јонида.

фото: Принтскрин/инстаграм

Опи бидејќи има неколку пати учествувано на Евровизија и знае какво е тоа искуство, на своите драги им посака многу среќа.

Како ќе се претсаваат тие останува да видиме.

To top