Радио Милева

Додека сите зборуваа дека ја исфрлиле од „Дупер“ таа молчеше, но сега Мартина се реши да го каже своето!

Додека сите зборуваа дека ја исфрлиле од „Дупер“ таа молчеше, но сега Мартина се реши да го каже своето!

Младата тапанарка Мартина Баракоска реши да го прекине молкот откако вчера беше јавно објавено дека сега нејзините екс-колеги и дале отказ од неодамна формираната група „Дупер“ , која со три песни стана популарна во земјава.

Шармантната и талентирана тапанарка на некој начин беше заштитниот знак на триото, но по недоразбирањето со Борис и Ивица, таа не застанува со музичката кариера.

фото:инсатграм/мартинабаракоска

Денес, на својот Инсатграм профил Баракоска објави куса порака до сите оние кои ја поддржаа по објавената информација дека веќе не е дел од „Дупер“.

-Фала ви на сите за целата поддршка досега. Јас продолжувам понатаму! – пишува Мартина.

Инаку, вчеравечер веќе екс-колегите на тапанарката објавија нов сингл кој го носи насловот „Пробај да ми бидеш“ кој Мартина исто така го сподели на кусите приказни на својот Инсатграм профил.

To top