Актерка и поранешна Мис на Македонија Јана Стојановска беше гостинка кај Огњен Амиџиќ заедно со српскиот министер Ивица Дачиќ и фолк ѕвездата Харис Џиновиќ. Во еден момент водителот Огњен Амиџиќ им ги пушти бруталните секс сцени кои нашата Јана ги сними во серијата “Сенки на Балканот”.
По гледањето, следеа коментари.
– Харис? Одлично дејствие, а? – праша Огњан Амиџиќ.
– Добро! – рече Џиновиќ, а потоа се надоврза и министерот Дачиќ.
– Има еден проблем тука. Барајте го Бјелогрлиќ. Како таа тука умира? И што ќе правиме сега? Како да го вратиме ликот во живот? – запраша министерот. Амиџиќ пак констатираше дека Јана Стојановска својата сцена ја изгледала многу поопуштено и помалку напнато од сите други во студиото.
– Ја сакам оваа сцена. Би ја гледала 100 пати! – рече сексапилната Македонка.
– И ние би ја гледале… тоа не е проблем – рече Дачиќ, на што сите се насмејаа во студиото.
-Ако не ти е проблем, јас ќе бидам малку Кичиќ – се надоврза Огњен.
-Тогаш ќе мора да го повикам Бјелогрлиќ да режира – му возврати Јана на водителот.
– Може Ивица да режира, не е проблем, а Харис да ја напише музикатаа … (смеа) – како од топ одговори Амиџиќ.
За да го погледнете видеото, кликнете ТУКА: