Војвотката од Сасекс, Меган Маркл вчера (06.05) се породи и на свет донесе здраво момче кое тежи 3260 грама.
Во медиумите често се шпекулираше кога ќе се породи Меган, но официјалната потврда пристигна вчера кога Меган била примена во болница.
Гордиот татко, принцот Хари се огласи истакнувајќи дека мајката и бебето се добро и дека е возбуден поради новото искуство.
„Многу сум возбуден, да ве известам дека Меган и јас добивме момче, многу здраво момче. Мајката и бебето се добро, ова беше најневеројатно искуство. И двајцата сме возбудени и благодарни на поддршката. Беше неверојатно, се чувствував како да сум на Месец, за ова мало сушество можеш да умреш. Само сакав да споделам со вас“, изјави Хари.
На улиците во Лонднон, но и ширум низ целата држава се славеше раѓањето на кралското бебе.
Исто така на 06.05 роденден е и актерот Џорџ Клуни, па се шпекулира дека тој ќе биде кум на бебето на Меган и Хари.
Како што пренесуваат медиумите, кралицата Елизабета наводно е лута на Меган бидејќи нема да се фотографира со бебето пред болница што е обичај за кралското семејство.
Наводно, Маркл преговарала со списанието „Вог“ и нејзиниот син прв пат да го покаже на насловната страница на овој магазин.