Папата пристигна во својата прва официјална посета на Македонија и нејзината метропола, Скопје. Дочекот како што прилега – со сите почести, како и безбедноста – на највисоко ниво! Агендата на движење и активности горе-долу позната, ама сепак има нешто што до сега никој не го знаеше. Кој ќе му свири и пее на високиот и уважен гостин?
Добро, беше познато и веќе објавено дека охридскиот саксофонист Горан Папаз заедно црковната музичка група „Агапе“ ќе му свири на папата Франциск во каточичката црква во Скопје каде ќе се претстават со три композиции.
Арно ама, никој не знаеше или знаеше ама не кажа, кој ќе го забавува папата во вечерните часови, се’ додека не се јави таа, македонската фолкерка која во приказните на својот Инстаграм профил ја откри големата тајна.
Токму таа, Сања Сани Гроздановска ќе пее таму каде што вообичаено пее, а таму вечер ќе дошол и папата!
Се разбира, итрата и досетлива Сани ја искористи посетата на папата за да се пошегува правејќи си добра реклама и најава за себе и својот вечерашен настап во познатиот скопски локал каде вообичаено настапува во вторник.
Сите што ќе дојдат, како и секогаш – ќе имаат што да слушнат, а Бога ми и видат. А дали ќе го видат папата? Папата многу веројатно дека нема да дојде на „тезга“ кај Сани, ама затоа таа вешто ја искористи неговата посета за да ги привлече и повика сите други, меѓу кои можеби ќе бидат и некои што денес беа околу папата!