Една од највлијателните инфлуенсерки и блогерки во Македонија, дефинитивно е и младата струмичанка Љупка Митрова.
Љупка често е активна на социјалните мрежи каде што објавува фотографии, дели модни совети, разговара со фановите.
Често на „Инстаграм“, Љупка добива пофалби за својот изглед, но и добива и прашања поврзани со нејзината работа, прашања за приватниот живот, или па сосема некои други прашања кои немаат врска ниту со едно ниту со другото.
Имено, на оваа интернет платформа, интересно е тоа што освен што можете да го промовирате својот бренд и тоа со што се занимавате може да се дружите и со фановите.
Така, на „Инстаграм стори“ може да им поставите прашања на познатите, а тие да одговорат.
Деновиве, Љупка одговараше на разни прашања на нејзините следбеници.
Меѓу прашањата за мода, убавина и неколку корисни модни совети, ја прашаа Митрова што мисли за Киа Коцкар и Луна Ѓогани, а таа даде брутален одговор:
„Кои се тие?“ праша Љупка.
За потсетување, Луна Ѓогани исто така е модна блогерка која некогаш имала блог, а по учеството на првата сезона на „Задруга“ отвори и бутик.
Од друга страна, Киа Коцкар исто така учествуваше во „Задруга“и беше сопруга на Слоба Радановиќ, момчето кое ја изневеруваше Киа со Луна.
Киа сега стана пејачка, па и сними неколку песни, а сега и дел од жирито на „Пинкови ѕвездички – all stars“.