Откако „Авалон“ продукција откри дека го раскина кусопостоечкиот договор со младата македонска поп- група „Дупер“, поради тоа што момците и дале отказ на Мартина, сега се огласи и другата страна односно Илчо Нечовски и Борис Какуринов.
Имено, откако на Инстгарам профилот ги тргнаа заедничките фотографии со доскорашната колешка и пријателка, тие се огласија по нивниот делумен распад.
-Во животот се случуваат работи кои не можеме да ги предвидиме и кои сакале или не, мораме да ги прифатиме со крената глава. Поради ненадминливи разлики, од денес, Дупер продолжува со променет состав. Голема благодарност до Мартина за сите убави моменти и заеднички успеси изминатиов период. Во оваа прилика им се заблагодаруваме и на Авалон за неколкумесечната соработка. Дупер останува приказна во движење…
По ваквата објва на официјалните профили на социјалните мрежи, Илчо и Борис објавија нова песна насловена „Пробај да ми бидеш“ која ја претставија со лирикс видео.
Голем број од нивните фанови со разочарување ја прифатија она што се случи, а исто така поголемиот дел негативно реагираа на нивната одлука.