Охриѓанецот Горан Папаз ќе свири пред папата Франциск за време на неговата посета на Скопје на 7 мај.
На покана од Католичката црква, Папаз ќе биде специјален музички гостин и ќе настапи пред папата. Настанот ќе се одржи во дворот на католичката црква „Пресвето срце Исусово“ околу 14.30 часот, кадешто папата ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со младите. Папаз ќе биде гостин на црковната музичка група „Агапе“ и тие ќе се претстават со три композиции.
„Ова за мене е огромна чест и награда за целиот досегашен труд“ – вели музичарот.